16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија: Иран ризикува, може да го разгори целиот регион

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека Иран презема многу ризик и може да го разгори целиот регион.

Тој ги повика Техеран и Хезболах да ги прекинат нападите врз Израел.

Шолц рече дека Германија и нејзините партнери, исто така, ќе продолжат да работат на договор за прекин на огнот.

„Иран презема ризик, може да го разгори целиот регион. Тоа мора да се спречи по секоја цена. Хезболах и Иран мора веднаш да престанат да го напаѓаат Израел“, рече тој.

Борбите меѓу Израел и Хезболах продолжуваат утрово и покрај повиците за прекин на огнот од страна на ОН, САД и ЕУ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала кон Украина

C +

Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

C +

Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

C +