22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: 100 дена без конкретни проекти, но со скапи задолжувања и неисполнети ветувања

Во првите месеци од новата Влада не видовме ниту еден конректен проект или реформа во интерес на граѓаните, посочи претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција, на којашто беа анализирани политиките на премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата, во првите 100 дена од Владата.

„Враќањето на оградата пред Владата, споменикот на Ќосето и задолжувањето на граѓаните со кредитот од Унгарија договорен во четри очи се единствените проекти на оваа Влада за сто дена. Сите парадирања и сликања на Мицкоски со најавените инвестиции се проекти на СДСМ“, рече Филипче.
При тоа, Филипче потенцираше дека наспорти најавите за проекти, за сто дена актуелната власт дозволи да изгори 10% од територијата на државата во пожарите ова лето.
„Само ова лето изгоре повеќе шума од последните 12 години заедно. Додека гореа македонските шуми, Мицкоски крајно неодговорно велеше дека ќе се средело се за два до три дена“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека ова се најлошите 100 дена на било која Влада.

„Добивме Влада од која досега слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност. Очекувањата на граѓаните со право беа големи, ВМРО-ДПМНЕ не се штедеше во ветувањата пред изборите. Ветуваше одговорност на политичарите и мудра надворешна политика која ќе на направи повторно горди. Досега, не исполнија ништо овие ветувања. А неисполнувањето на големите ветувања носи и големи разочувања“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.