Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски и коалицијата. Ова е став на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска на прес-конференција ги анализираше првите 100 дена од мандатот на Мицкоски и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Телохранители на Мицкоски кои тепаат полицајци стануваат команданти, а лица со криминално минато се поставуваат за директори. Безбедносните служби целосно се криминализираат. За само 100 дена имаме партизација на виталните институции и загрозување на безбедноста на косовската граница. Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Влен ја третираат државната граница како приватен премин. Никој не контролира што и кој влегува или излегува на Блаце“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Претседателот на СДСМ, Филипе потенцираше дека од почетокот на мандатот на министерот за внатрешни работи Панче Ташковски, досега личната безбедност на граѓаните е непозната категорија.
„За сто дена ВМРО-ДПМЕН улиците станаа небезбедни каде убиствата, разбојништвата и нападите се секојдневие. Десетици нерасчистени убиства има само откако Тошковски е министер за внатрешни работи. Во полицијата, наместо професионализација имаме партизација со насилници и криминалци“-истакна Венко Филипче, претседател на СДСМ.