Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Влада: Првите 100 дена се заокружуваат со покачување на пензиите на над 330.000 пензионери за 2500 денари и многу реализирани проекти

Од денеска започна исплатата на септемвриската пензија со покачување од 2500 денари. Иако ветувањето беше дека во првата година од мандатот ќе се покачат пензиите, Владата во првите 100 дена го реализира ова ветување, соопшти Владата.

„Над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2500 денари, а од март следната година следува уште едно покачување за 2500 денари, со што пензионерите конечно го добиваат она кое што го заслужуваат, достоинствени пензии и поквалитетен животен стандард.

Линеарното покачување на пензиите за вкупно 5000 денари е уште едно ветување реализирано од страна на Владата и премиерот Христијан Мицкоски.

За Владата недозволиво е пензионерите наместо да уживаат во своите пензионерски денови, да протестираат и да молат за повисоки пензии.

Владата останува 100% посветено да работи за пензионерите и за сите граѓани.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Вонредни најави: Серија влажни бранови ја зафатија Македонија, некаде ќе има и обилни поројни дождови

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.