Либанската национална новинска агенција објави дека во текот на ноќта биле извршени копнени упади во градовите Бинт Џбеил, Тајри, Кунине и Блида во северен Либан. Сите четири се градови лоцирани северно од границата со Израел.
Во својата најава за почетокот на копнените операции, ИДФ соопшти дека ќе таргетира „бројни села во близина на границата, кои претставуваат непосредна и реална закана за израелските населби на северната граница“.
Вчера во израелските напади во Либан беа убиени 95 лица
Околу 95 лица загинаа, а 172 лица се повредени вчера во израелските воздушни напади ширум Либан, објави во најновиот извештај либанското Министерство за здравство.
Официјални лица велат дека повеќе од 1.000 луѓе во Либан биле убиени во изминатите две недели, додека до еден милион сега може да бидат раселени/Извор:Makfax