30. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Подгответе се за циклон, синоптичарите со вонредни најави за метеоролошките услови во Македонија – Детална прогноза за следните 4 дена

Утре и во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студени утра. Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Прогноза за 02.10.2024
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Наутро студено, преку денот сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 03.10.2024
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 22°C до 26°C

Сончево со умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност и од северозапад ќе започнуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието ќе засилува.

Прогноза за 04.10.2024
Минимална температура: 10°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 24°C

Променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни проследени со грмежи и засилен ветер.