22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Спасувачка акција на Дојранското Езеро

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше спасувачка акција на Дојранското Езеро, што заврши успешно.

На 112, во ЦУК, околу 16.30 часот, е барано помош за лице што пливало во езерото поради лошото време со ветер, бранови и езерски струи кај месноста Калдрма во Дојранското Езеро. Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран. Конкретно, од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во близина на грчката граница.

Тоа од таму е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност. Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на езерото беа излезени на теренот при силен ветер и бранови и вршеа пребарување на Дојранското Езерото на местото на кое било забележано лицето. ДЗС немаше чамец на Дојранското Езеро, извести ЦУК./Извор:Makfax