Centar.mk
СВЕТ

Се омажи ќерката на Михаел Шумахер, младенците забранија фотографирање

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, повеќе од една деценија е енигма за светската јавност, но во тој период се појави првпат.

Како што објави германски „Билд“, постои можност Шумахер да бил на свадбата на својата ќерка Џина.

Џина Шумахер, ќерката на легендарниот Михаел, во саботата на Мајорка се омажи за својот партнер Јан Бетке со кого беше во долга врска.

Церемонијата се одржа на шпански остров во луксузната семејна вила, чија вредност се проценува на повеќе од 30 милиони евра, која Шумахерс ја купи од Флорентино Перез, претседателот на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, пренесува „Дејли мејл“.

На свадбата беа и вујко ѝ и помладиот брат на легендарниот Формула 1-возач, Ралф Шумахер.

Во организацијата на венчавката се вклучија разни компании, а секој мораше да ги остави мобилните телефони пред да влезе на имотот за да не ги фотографира приватните соби и просториите на семејството.

„Дали Шуми навистина беше присутен на свадбата во саботата? Можно е. Дури и многу можно. Но, тој не беше во градината, каде што имаше други гости, од кои некои, без сомнение, не припаѓаат на најтесниот семеен круг од доверба“, наведува „Билд“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.