Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето.
Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
Дневната температура значително ќе се намали (утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени).
Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.
Прогноза за 30.09.2024
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер со брзина над 70 km/h.
Прогноза за 01.10.2024
Минимална температура: 0°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 25°C
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 02.10.2024
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 20°C до 28°C
Наутро студено, преку денот сончевосо мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец,.