22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Вучиќ: Работите во светот не одат во добра насока, Косово е многу комплициран јазол

Работите во светот „не одат во добра насока“, оцени денеска во Њујорк српскиот претседател Александар Вучиќ на крајот од шестдневниот престој во САД по повод заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Единствената суштинска вест овде е Блискиот Исток“, изјави тој за РТС.

„Блискиот исток го јаде американското внимание, не сум сигурен дека тоа е добра вест за Украина. Европа прави се за да ја запре таа војна“, рече Вучиќ и нагласи дека приоритет мора да биде прекинот на конфликтот во Украина.

Тој рече дека имал повеќе разговори на тема политика и економија и оти „за првпат биле остварени важни контакти“ за економски напредок на Србија.

Вучиќ рече дека „ситуацијата во рударството и енергетиката“ во Србија ќе мора да се подобри бидејќи „лошо им оди“, додека „индустриското производство добро расте, производството расте, но потребни се повеќе инвеститори“, рече Вучиќ.

Тој рече и дека „немал лесни разговори“ за Косово и дека не може да зборува за деталите од средбите.

„Тоа е многу комплициран јазол. Мораме да го зачуваме мирот, да ги зачуваме животите, опстанокот и напредокот на нашето население на Косово, зачувувајќи ја правната и политичката државност на Србија и интересите на сите граѓани на Србија“, изјавил Вучиќ.

„Ќе се погрижиме да не направиме ниту една грешка, никој да не може нам ништо да ни забележи и да се зголемува силата на нашата економија и да се зголемува нашата поддршка за нашиот народ на Косово“, заклучил Вучиќ./извор Макфакс