19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Враќањето на тепачките поради етнички мотиви е неприфатливо и апсолутно за осуда

По официјалните информации за вчерашната тепачка, поточно физичкиот напад врз тројца малолетници Албанци во центарот на Скопје со употреба на тврди предмети, Демократската Унија за Интеграција изразува сериозна загриженост, уште повеќе кога се информиравме дека нападот врз малолетници се случил од етнички мотиви.

ДУИ оценува дека овој инцидент, кој не е без преседан, за жал, е резултат на секојдневните неуспеси на Владата да негува добри меѓуетнички односи, имено како резултат на отворањето на многу меѓуетнички прашања, како и поттикнување на провокативен јазик кон етничките прашања.

ВЛЕН заедно со нивните партнери ВМРО-ЗНАМ не враќаат во времето кога албанските деца беа напаѓани во автобуси, на секој спортски натпревар албанците беа навредувани и дека ДУИ целосно го прекина таквиот дух по голема посветеност во континуитет.

Апелираме до Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите соодветни чекори за расветлување на овој случај, казнување на сторителите и што поскоро преземање превентивни мерки за спречување на проширување на оваа појава.

ДУИ цврсто стои на нашата определба да придонесеме максимално за одржување на добри меѓуетнички односи во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК