23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Следува исплата на пензиите, ќе бидат покачени за 2.500 денари

На 1.ви октомври 2024 година во вторник ќе биде исплатена септемвриската пензија која ќе биде зголемена за 2.500 денари за сите пензионери линеарно.

Така на пример оние пензионери кои добиваа 20.000 денари пензија ќе добијат 2.500 денари повеќе односно 22.500 денари. Исто така на пример и пензионерите кои добиваа пензија од 40.000 денари сега ќе добиваат пензија од 42.500 денари/месечно.

Некои од македонските банки пензијата ја исплаќаат и ден претходно.