Сончево и топло време ќе преовладува до сабота попладне кога ќе започне да се зголемува облачноста.
Во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник кога ќе предизвика значителен пад на температурата (за 8 до 10 степени).
Прогноза за 28.09.2024
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 27°C до 33°C
Претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Прогноза за 29.09.2024
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.
Прогноза за 30.09.2024
Минимална температура: 5°C до 15°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен до силен северен ветер особено долж Повардарието и во источните делови.