23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Егзекутиран уште еден Американец: го убил својот 3-месечен син бидејќи не престанувал да плаче

Тревис Џејмс Мулис, кој го уби својот тримесечен син во 2008 година, беше егзекутиран во вторникот во Тексас.

Тревис стана четвртиот затвореник погубен во најпрометната држава со смртна казна оваа година и шеснаесетти во САД. Бил егзекутиран со смртоносна инекција и прогласен за мртов во 19.10 часот.

Осудениот го искористил своето последно обраќање за да им се заблагодари и да им изрази љубов на своите најблиски вклучувајќи ја и мајката на убиеното дете, пренесуваат американските медиуми.

Тревис Мјулис беше осуден за убиство на својот син, кого го мачеше, го газеше до смрт и го остави покрај ѕид на брегот во Галвстонс, популарна туристичка дестинација јужно од Хјустон. Мјулис, кој тогаш имал 21 година, рекол дека пукнал бидејќи бебето не престанувало да плаче.

Тој се предал неколку дена по убиството нудејќи им детаљно признание на властите во Филаделфија. Мјулис беше екстрадиран назад во Тексас, осуден за убиство и осуден на смрт во март 2011 година.

Инаку, Мјулис беше погубен помалку од еден час откако Мисури го погуби Марселус Вилијамс и покрај многуте сомневања за неговата вина.

Мјулис и Вилијамс се меѓу петте затвореници предвидени за егзекуција во САД во период од шест дена помеѓу 20 и 26 септември. Фреди Овенс беше првиот што беше убиен во петокот во Јужна Каролина./Извор:Makfax