Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи

Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и среда се очекува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, на места поројни со услови за појава на грмежи.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе се движи од три до 13 степени, а максималната од 18 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и претежно тивко, со минимална температура од седум, а максимална од 27 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК

Полицијата на нозе – се трага по исчезнат велешанец

ДЕСК

Работна несреќа во Пробиштип, тешко повреден работник итно пренесен во болница

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.