21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

Доналд Трамп синоќа излезе со соопштение во кое изјави дека „никогаш нема да се предаде“. Тоа беше негова изјава откако пукаа во негова близина додека играше голф на Флорида.

„Имаше пукање во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакав прво да го слушнете ова: Јас сум безбеден и добар. Ништо нема да ме забави. Никогаш нема да се предадам, рече тој.

„Единство. Мир. Да ја направиме Америка повторно голема. Господ да ве благослови“, напиша Трамп.

Тој повторно се јави утрово, им се заблагодари на сите за нивната „грижа и добри желби“ по „очигледниот обид за атентат“ врз него.

Во објавата на својата платформа, Трамп напиша „голема благодарност до американската тајна служба, шерифот на округот Палм Бич Рик Бредшо и сите органи за спроведување на законот за неверојатната работа направена во Трамп Интернешнл“. „Јас, 45-тиот претседател на САД И републиканскиот кандидат на претстојните избори, уверен сум поради нив. Тие завршија апсолутно извонредна работа“, напиша Трамп./Извор:Makfax