21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Едно лице загина во поплавите во Чешка, седум се водат за исчезнати

Поплавите во Чешка ја однесоа првата жртва, жената што се удави во реката Красовка кај селото Крашов, во областа Брунтал, а седум лица се водат за исчезнати.

„Местото беше отсечено од многу силна струја на водата, но полицијата работи на самото место“, изјавила портпаролката на полицијата, Соња Штетинска, а пренесува порталот Idnes.cz.

Шефот на полицијата, Мартин Вондрашек, изјави дека седум лица се водат за исчезнати, три повеќе отколку во неделата./Извор:Makfax