23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Несреќа во Босна и Херцеговина по пад на одрон: четири лица повредени, сообраќајот во прекин

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот М17 во градот Мошевац во Босна и Херцеговина.

Околу 6.20 часот дошло до одрон на патот.

„Како последица на одронот дошло до сообраќајна незгода, во која учествувале две возила. Повредени се четири лица, а сѐ уште не знаеме колкав е степенот на повредите. Истрагата е во тек“, соопштија од Оперативниот центар.

Сообраќајот на оваа делница е целосно во прекин./Извор:Makfax