21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Апсење мафијашки клан во Будва – блокирани улици, полицијата врши претреси во станови и куќи

Специјалното полициско одделение на црногорската полиција по наредба на Специјалното државно обвинителство утрово уапси неколку лица во Будва.

Уапсени се членови на организирани криминални групи, дознава „Вјести“ од Подгорица.

Поради апсење членови на мафијашкиот клан, утрово беа блокирани неколку улици во Будва.

Според податоците на „Вјести“, извршени се претреси во повеќе станови и куќи./Извор:Makfax