22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ГЕРМАНИЈА

Германија од следната недела воведува контроли на своите граници

Од понеделник, 16 септември, Германија воведува привремени контроли на сите копнените граници, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

„Покрај постојните привремени внатрешни гранични контроли на копнените граници со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска, Федералното министерство за внатрешни работи нареди привремени контроли на внатрешните граници на копнените граници со Франција, Луксембург, Холандија, Белгија и Данска за период од шест месеци за што е известена Европската комисија“, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, постои можност за одвраќање на луѓето на сите германски копнени граници во согласност со европското и националното право./Извор:Makfax