Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од понеделник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно и посвежо време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд ( над 25 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град, особено во вторник./Извор:Makfax