Холандија ќе испрати во Украина 28 оклопни теренски амфибиски возила Bandvagn BvS 10 Viking, најави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.
„На Украина очајно и е потребна нашата помош во борбата против рускиот агресор. Холандија ќе им испрати 28 теренски возила Викинг. Маринците ги обучија украинските војници како да ги користат“, рече министерот во саботата на социјалната мрежа „Икс“, пренесе Интерфакс Украина.
Возилото Викинг е амфибиски оклопен транспортер од шведско-британско производство, кој го произведува компанијата BAE Sistems Haglunds за потребите на маринците во Холандија, Велика Британија, Шведска, Австрија и Франција.
Во текот на минатата година, 36 холандски возила BvS 10, како и 20 британски викинзи беа испратени во Украина како дел од логистичката помош во војната против Русија./Извор:Makfax