Centar.mk
РЕГИОН

18 годишна Американка наводно силувала 20 годишно момче од Грција

18-годишна Американка е уапсена поради силување на 20-годишен Грк.

Младиот човек тврди дека девојката го искористила тоа што тој бил под дејство на алкохол и не можел да се одбрани, пишуваат грчките медиуми.

Уапсената го негира обвинението, објави порталот „Прототема“. Обвинителот во Солун по пријавата на жртвата поднесе обвинителен акт за силување и сексуален чин без согласност на жртвата.

Жртвата на полицијата и кажала дека сето тоа се случило минатиот вторник попладне. Американката го однела Гркот во напуштена куќа откако консумирале алкохол и го силувала, извести Макфакс.

Можеби ќе ве интересира

Полицаец избоден во Сплит, приведен 18-годишник со психички проблеми

C +

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

C +

РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ОД 12,2%: Соседна држава со драстично зголемување на примањата на пензионерите

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.