23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

МАСАКР ВО БОСНА: Пукање во гимназијата во Сански Мост, има повеќе мртви

Страшен масакр го потресе Сански Мост во Босна и Херцеговина.

Три лица загинаа во средно училиште во овој град, а едно лице се бори за живот.

Убиството според босанските медиуми се случило во зградата што ја користат Мешовитата гимназија и гимназијата Сански Мост.

Вработен во мешовитото средно училиште пукал во директорот, секретарот и еден наставник вработен во Гимназијата.

Според информациите кои ги објавија тамошните медиуми напаѓачот извесно време имал несогласувања со раководството на училиштето и се жалел на дискриминација. Против него се водела и дисциплинска постапка, а според неофицијални информации тој таргетирал луѓе кои биле во дисциплински комисии и пукал во нив.

Се очекува изјава од полицијата.