16.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето?

Денес ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер. Од утре ќе има претежно попладневна облачност повремено со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Претпладне сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец. UV=7

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.