24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ ќе понуди граѓански економски модел напсроти дивиот капитализам на ВМРО-ДПМНЕ

Во интервју за Фокус, претседателот на СДСМ Венко Филипче, одговораше што треба да постигне СДСМ за повторно да победува.

Претседателот Филипче посочува дека СДСМ ќе победува кога ќе го промени однесувањето кон членството и цврсто ќе ги реафирмира социјалдемократските вредности. Тој додава дека најавената нова модерна платформа е од клучно значење за подигање на паритјата но и дека мора да направи реорганизација и демократизација на партијата. Тој понатаму вели: „СДСМ ќе победува ако се насочи кон реалните проблеми на граѓаните во политичка програма која ќе значи унапредување на животот во секој сегмент и за секого. По ова треба да биде препознаен СДСМ. Да нуди конкретни решенија и ја доближи својата политичка реторика до граѓаните“ – рече претседателот Филипче.

Тој додава дека СДСМ мора да ја негува демократијата и слободата како единствена голема партија во моментов која има целосно демократска ориентација. „ СДСМ не смее да калкулира со национализмот и да води политики на манипулации на штета на напредокот. Такви партии имаме доволно“ – вели претседателот Филипче. Тој додава дека СДСМ мора да им се обраќа на работниците и на ранливите групи за кои е направено навистина многу во изминатиот период. „Овој пристап кон работниците, комбиниран со ефикасен модел за раст на економијата и поддршка на компаниите, ќе даде резлтат за сите. И ова е политика на заштита на граѓаните која верувам дека ќе биде препознаена пред налетот на дивиот капитализам кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ“ – заклучува претседателот Филипче.