24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За патување во Африка да се прими вакцина против мајмунски сипаници, препорача ЕЦДЦ

Луѓето кои ќе патуваат за Африка би требало да размислат за вакцина против мпокс (мајмунски сипаници), соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ).

„Поради блиските врски меѓу Европа и Африка мораме да бидеме подготвени за повеќе увезени случаи на инфекција“, изјави Памела Ренди-Вагнер од ЕЦДЦ.

Според ЕЦДЦ мал е ризикот од глобално ширење на вирусот, затоа лицата треба да бидат вакцинирани со една наместо со две дози вакцина против мпокс.

Зголемена доза вакцина обично се препорачуваат на секои две до 10 години ако лицето е во постојан ризик од изложеност на болеста.

Но, Светската здравствена организација (СЗО) неодамна прогласи глобална вонредна состојба за јавно здравје поради ширењето на мпокс.

Мајмунските сипаници изминатите месеци усмртија најмалку 450 луѓе во Конго. Болеста може да се пренесе со контакт со заразено лице, а симптомите се слични на грипот./Извор:Makfax