Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло со мала до умерена облачност и температури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

УХМР информира дека од утре до вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.