Поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат за американските избори Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Америка и ќе замине во Венецуела доколку ги загуби изборите во ноември.
Во интервјуто на X со милијардерот Илон Маск, Трамп рече дека Венецуела, која е зафатена од немири по претседателските избори, ќе биде „далеку побезбедно место“, пренесува Washington Examiner.
„Ако нешто се случи со овие избори, што би било хорор шоу, следниот пат ќе се сретнеме во Венецуела бидејќи тоа ќе биде многу побезбедно место за средба од нашата земја“, му рекол Трамп на Маск./Извор:Makfax