До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Од утре во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме. За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Прогноза за 15.08.2024
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 34°C до 41°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8
Прогноза за 16.08.2024
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 33°C до 39°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8
Прогноза за 17.08.2024
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 32°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално невреме со силен ветер и град. UV=7