Вчера, околу 14 часот, и официјално е прекината големата потрага по младиот Британец, кој во петокот падна од брод за крстарење во Јадранското Море, јавува ХРТ.
Акцијата е почната во петокот во 5 часот по добиена пријава од капетанот на патнички брод што пловел од правец на Дубровник кон Задар, а била координирана од Националниот центар за координација за пребарување и спасување на море во Риека.
Во потрагата биле вклучени мали чамци, екипажи и чамци за крстарење, бродови и авиони на крајбрежната стража. Фокусот на потрагата беше на поширокото подрачје на архипелагот Вис. Националниот координативен центар за поморско пребарување и спасување ќе продолжи да емитува пораки на крајбрежните радиостаници како дел од редовните активности за пребарување.
„Човекот падна во морето од над 30 метри височина, можеби е повреден при падот“, изјави пред два дена Радован Линиќ, координатор во Националниот центар за координација на потрагата и спасувањето на море.
Едо Шаруниќ, шеф на Националниот центар за координација на потрагата и спасувањето на море, објасни дека член на екипажот на бродот за крстарење го забележал младиот Британец во морето и веднаш му фрлил појас за спасување.
„Сплитската капетанија, која е одговорна за таа област, поморската полиција и крајбрежната стража веднаш беа контактирани“, рече тој./Извор:Makfax