15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Пониски цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 % во однос на одлуката од 5.8.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,531 %, кај дизелот 2,143 %, кај екстра-лесното масло 0,449 % и кај мазутот зголемувањето е 3,070 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,7310 %.

Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,688 денари/кг и сега ќе изнесува 44,748 денари/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 13.8.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ./Извор:Makfax