23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мицотакис го прекина одморот поради пожарот во Атика

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, денеска го прекина одморот и го посети Оперативниот координативен центар за операции и управување со кризи (ЕСКЕДИК) на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, каде што ги доби најновите информации за пожарот што од вчера беснее во Атика.

Во центарот бил информиран за противпожарната операција, распоредување воздухопловни сили, капацитети, а придружуван од министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилија, пренесува порталот „Прототема“.

Голем пожар избувна вчера попладне во Атика и бргу се прошири во многу други области поради што се вели дека владата е во состојба на готовност./Извор:Makfax