Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека некои граѓани се искрено загрижени за ископот на литиум, но дека вистинската цел на тие протести е негово отстранување од власт, како и поддршка на одредени странски сили, кои не сакаат Србија да се развива бргу и да направат значајна разлика во однос на другите земји од регионот.
Вучиќ на РТС рече дека е многу важно на тие загрижени луѓе да им каже што е вистина, а што не.
„Уште две години нема да има копање. Целата приказна и кревањето паника се сосема бесмислени. Не прифаќаат да разговараме, понудив разговор, понудив разговор во Народното собрание, дури и референдум, па тие да изберат дали тоа ќе го направат на територијата на Лозница или во цела Србија“, рече Вучиќ./Извор:Makfax