23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Начинот на кој пишувате пораки на телефонот кажува многу за вашата возраст

Сè уште не сте свесни за разликите помеѓу милениумците (родени во 80-тите години до 1995) и генерацијата З (родени од 1996 до 2012), но еве уште една.

„ЛАД библе“ пишува дека начинот на кој некој испраќа пораки е голем показател на која генерација припаѓа. И, не, не станува збор за емотиконите што милениумците ги обожаваат, а генерацијата З речиси и не ги користи.

Некои „тиктокери“ на социјалната мрежа разговараа на оваа тема.

Ако пишувате само со мали букви, тогаш голема е веројатноста дека припаѓате на генерацијата З.

„Полесно ми е да читам пораки ако сè е напишано со мали букви“, напиша еден член на генерацијата З на „Тик-ток“

„Изгледа многу погрешно реченицата да се почне со голема буква, а да не завршува со точка. Затоа пишувам сè со мали букви“, додаде друг.

Некои милениумци, пак, мислат дека се чувствуваат како да не присуствувале на час кога пишуваат сè со мали букви и дека ништо не научиле. Затоа, велат, пологично е во пораките да користат големи букви.

Ноел Волф, експерт за јазик и култура, за „Метро“ изјави дека пишувањето со мали букви често е побрзо и полесно и во согласност со онлајн-комуникацијата.

„Текстот напишан со мали букви кај помладата генерација е комбинација од културни промени, леснотија на користење и желба да се создаде порелаксирана онлајн-комуникација“, додаде таа./Извор:Makfax