23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска, полицијата започна потрага

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера исчезна 12-годишното девојче Амела Јелениќ, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи повикувајќи ги сите граѓани доколку имаат некаква информација за ова дете, да се обратат до најблиската полициска станица.

Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годињак. Висока е 155 см, има кафеави очи, а бројот на стапалото ѝ е 36. Во моментот на исчезнувањето носела бел фустан со сини риги и бели патики.

Таа вчера во Годињак се упатила во непознат правец и оттогаш ѝ се губи секаква трага, соопшти полицијата заедно со фотографија од девојчето.

„Доколку имате информации за ова лице, ве молиме, известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку имејл-адресата: nestali@nestali.hr“, соопшти хрватската полиција./Извор:Makfax