27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

“ВЛЕН”: Како што ветува, така ВЛЕН и остварува: Академијата на Албанците за Наука и Уметност станува реалност!

Соопштение на владејачката “ВЛЕН”:

VLEN, како што ветува, така и остварува: Академијата на Албанците за Наука и Уметност станува реалност!

Во согласност со нашата непоколеблива посветеност за поттикнување на развојот и напредокот на националната свест на Албанците вообласта на науката, уметноста и интелектуализмот, коалицијата VLEN со задоволство го објавува започнувањето на процесот за институционализирање на Академијата на Албанците за Наука и Уметност во Северна Македонија.

Овој амбициозен проект ќе започне во градот на универзитети, во Тетово, но ќе биде официјално формиран во Скопје, поставувајќи темел за институција која ќе биде целосно посветена на науката и уметноста. Академијата на Албанците за Наука и Уметност ќе служи како важен центар за развој на научни истражувања, унапредување на уметноста и зачувување на албанското културно наследство.

Ние сме уверени дека создавањето на оваа платформа ќе обезбеди нови можности за истражувачите, уметниците и интелектуалците Албанци, со што ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на образованието и научната креативност во нашата земја. Оваа иницијатива има за цел да создаде амбиент во кој научниците и уметниците ќе можат да ги споделат своите знаењаи таленти, поттикнувајќи нова култура на совршеност и иновации.

Ние сме горди што нашето ветување за формирањена Академијата на Албанците за Наука и Уметност станува реалност. Го гледаме ова како важен чекор кон интелектуалниот и културниот напредок на Албанците во Северна Македонија. Оваа Академија ќе се фокусира исклучиво на науката и уметноста, без политички вклучувања.
Академиците се богатство на државата.

ПРЕМИНУВАМЕ ВО ДЕЛА!