13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности и детето е пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

ДЕСК

Шукова: Враќање на природниот сјај на Вардар, заштита на екосистемот и корекција на штетните интервенции

ДЕСК

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.