Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Убиство во Дебреше: Полицијата уапси три лица

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот.

Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите.

По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.

Можеби ќе ве интересира

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА – Синоптичарите со четиридневна прогноза

ДЕСК

Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

C +