Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ

-Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик. Во последниот крвав инцидент синоќа во Чаир повредено е 31 годишно лице од огнено оружје, велат од СДСМ.

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР, пет убиства останаа неразрешени и ова ги охрабрува пиштолџиите и бандитите.

ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски покажуваат неспособност и некадарност. Се поставува прашањето дали воопшто сакаат да го сопрат овој тренд во кој картелите ги владеат улиците а граѓаните живеат во страв.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Голема физичка пресметка во близина на кафеана во Карпош – МВР излезе со детали

ДЕСК

Грабежи во Аеродром и Центар – девојка и пензионерка останаа без пари и личен накит

ДЕСК

Се запали камион со скопски таблички

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.