21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Денес, температури до 42 степена, метеоролозите најавуваат пороен дожд и грмежи во западните делови

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена, јавува УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Утре во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Промена на временската состојба се очекува од петок./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Кривична пријава за „тероризам“ против скопјанец, кој на 16 август лажно пријави за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

ДЕСК

“Паднаа” шест полицајци и други две лица во раце на правдата – еве за што ги товари обвинителството

ДЕСК

Царинска управа: Непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

ДЕСК