18. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пукање на митингот на Трамп, поранешниот претседател изнесен раскрвавен, двајца мртви

На митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа истрели, објави Си-ен-ен.

Поранешниот претседател и веројатен републикански претседателски кандидат во ноември покажуваше табела со бројки на граничните премини кога одекнаа истрели. Трамп потоа се спушти или падна на земја.

Тој брзо беше опкружен со вооружено обезбедување, а Трамп остана долу околу една минута. Во позадина се слушаа врисоци на насобраните поддржувачи.

Трамп потоа стана и ја крена тупаницата во воздух, пред да биде придружуван од бината до возило и потоа да биде однесен од местото на настанот. Во првата изјава по инцидентот, тимот на Трамп соопшти дека Трамп е „добро“ и дека моментално е на медицински преглед.

Напаѓачот и еден од посетителите на толпата се убиени, потврди окружниот обвинител на округот Батлер. Покрај двајцата загинати, едно лице е во критична состојба.

На видеото што се појави се гледа крв на увото на Трамп. Поранешниот претседател изгледаше како да ја стиска главата додека се спушташе кон земјата./Извор:Makfax