27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Забрчанец: Во Македонија ќе има инвестиции бидејќи сме држава членка на НАТО со надмината енергетска криза зад себе

Она прифаќање на Северна Македонија во извесен дел од страна на новата Влада и на новиот премиер, може да дава надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа големите чекори што претходната влада ги донела, порача Марјан Забрчанец, досегашен национален координатор во Владата во интервју за слободен печат.

Според него, благодарение на тие чекори на претходната Влада денес во Македонија има сериозни странски инвестиции а државата е стабилна и безбедна.

„Ние плодовите од Преспа веќе ги уживаме, ние сме членка на НАТО, ние започнавме преговарачки процес и успешно завршивме скриниг процес, како нулта или прва фаза од преговарачкиот процес. Тоа немаше да биде можно доколку не се потпишеше Договорот од Преспа. Инвестиции ќе доаѓаат бидејќи станавме членка на НАТО, бидејќи зад нас имаме разрешена енергетска криза. Бидете сигурни дека инвестиции во Македонија че има особено поради тоа што сме стабилна безбедна држава членка на НАТО“ посочи Забрчанец.

Можеби ќе ве интересира

Реакција од Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ

ДЕСК

Народот денес е побогат од времето на СДСМ, тврди ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

До петок сончево, од сабота невреме – Метеоцентар со четиридневна прогноза

ДЕСК