25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Москва издадено предупредување за можно торнадо: жителите да не излегуваат надвор

Жителите на Москва се замолени да се воздржат од излегување надвор при лоши временски услови денеска поради обилните врнежи, кои се очекуваат во руската престолнина, соопшти групата општински служби на „Телеграм“.

„Во главниот град денеска се очекуваат екстремно интензивни врнежи од дожд, постои можност за торнадо… Ги замолуваме граѓаните да се воздржат од излегување на улица при лоши временски услови, да бидат крајно внимателни, да не се кријат под дрвја, да не паркираат автомобили во нивна близина, строго да се придржуваат до ограничувањата за брзина и растојание“, се наведува во пораката, пренесе „РИА новости“.

Во некои делови на Москва веќе врне силен дожд, а шансата за создавање торнадо важи за периодот од 12 до 17 часот./Извор:Makfax