21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

И претседателката на Грција Сакеларопулу на меѓународната конференција во Атина во чест на Преспанскиот договор, заедно со Оланд и Лефвен

Завршната сесија со која вечерва завршува првата Меѓународна конференција за мир и одржлив развој во по повод 6 години од Преспанскиот договор, во организација на Институтт Алексис Ципрас и Фондацијата Заев, ги вклучува и учеството на повеќемина актуелни, поранешни шефови на држави и влади од Европа и светот, како и десеттици актуелни и поранешни претседатели и еврокомесари на ЕУ и на други меѓународни организации.

Вечерва во атинскиот конзерваториум, каде што се одржува конференцијата, свое присуство најави и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која ќе проследи настапите на поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, поранешниот премиер на Шведска Стефан Лефвен, земаничката претседателка на Владата на Шпанија Јоланда Диаз, како и поранешните премиери и креатори на Преспанскиот договор Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Темата на завршната дебата на конференцијата е „Иднината на Европа“.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

C +

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

C +

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

C +