24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата Франциско ќе се сретне со Бајден и Зеленски на самитот на најмоќните светски лидери

Папата Франциско ќе се сретне со лидерите на САД, Украина, Франција и Индија на маргините на самитот на Г7 во Борго Егнација, Италија, соопшти денеска Ватикан.

Франциско, кој во јануари предупреди за „перверзните“ опасности од вештачката интелигенција, треба да учествува во разговорите на лидерите за новата технологија во петок.

Тој е првиот папа кој учествува во дискусиите на групата Г7, индустриски најразвиените земји во светот.

Објавувајќи ја програмата за неговата еднодневна посета, Ватикан соопшти дека Франциско ќе има билатерална средба со американскиот претседател Џо Бајден, исто така католик.

Ватикан, исто така, објави дека Папата ќе има индивидуални средби и со украинскиот премиер Володимир Зеленски, Французинот Емануел Макрон, Индиецот Нарендра Моди, Бразилецот Луис Инасио Лула да Силва, Канаѓанецот Џастин Трудо, Турчинот Реџеп Таип Ердоган, Кениецот Вилијам Рута, Алжирецот Абделмаџид Теббуне и шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева./Извор:Makfax