„Општинската организација СДСМ од Аеродром најостро го осудува чинот за поставување на транспарентот против кандидатот за претседател Венко Филипче. СДСМ Аеродром не стои зад овој настан кој го сметаме за саботажа од страна на други политички субјекти со цел да внесат раздор во партијата“ се вели во реакциајта на општинската организација на СДСМ од Аеродром.
Тие додаваат дека СДСМ Аеродром е отворена за секој, дава силна поддршка на фер и достоинствена кампања за претседател со цел демократски да се избере нов претседател и раководство кое ќе ја води партијата до нови победи.
Од таму исто така порачуваат граѓаните да не подлегнуваат на ваквите манипулации и подметнувања од онине кои не ѝ мислат добро на СДСМ.
Утрово на одредени портали беше објавено дека активисти од СДСМ Аеродром поставиле транспарент со кој порачуваат дека нивната врата била затворена за Филипче. По демантот од општинската организација станува јасно дека ваквиот транспарент и објави се координирани од надвор со цел влијание врз исходот од внатрепартиските, демократски избори во СДСМ.