Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во областа, во шумата во Зигенсдорфберг, биле мајка со две деца и двајца нивни другари, дошло до лизгање на земјиштето. Две од децата се затрупани, но екипите не успеаја навреме да спасат едно момче.
Се работи за петгодишно дете. Второто затрупано дете е пренесено во болница со хеликоптер, а останатите две деца се неповредени.
Во акцијата за спасување на лице место учествувале повеќе од 100 пожарникари, неколку спасувачки хеликоптери и полициско куче.
Нема дополнителни информации за идентитетот на жртвите, но се претпоставува дека мајката и нејзините две деца се од околината.
Поради обилните дождови, во областа се забележани стотици одрони./Извор:Makfax