23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Вашингтон пост: САД ја укина забраната на украинската бригада Азов да користи американско оружје

Американската администрација ја укина забраната на украинската бригада Азов да користи американско оружје, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на Стејт департментот.

Весникот наведува дека портпаролот на Стејт департментот одбил да каже кога е укината забраната и дали американското оружје веќе стигнало до бригадата Азов.

Ниту командантите на таа бригада, ниту украинската влада не одговориле на барањата за коментар, додава Вашингтон пост./Извор:Makfax