23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Проговори осомничениот за смртта на 2-годишната Данка, вели дека е невин

Срѓан Јанковиќ негира дека ја убил Данка Илиќ.

„Денеска, 04.06.2024 година, во просториите на Вишото јавно обвинителство во Заечар беше сослушан осомничениот Срѓан Јанковиќ, кој целосно го негираше извршувањето на кривичното дело“, се вели во соопштението на Вишото јавно обвинителство Заечар.

Девојчето Данка Илиќ беше убиено на 26 март годинава. Јанковиќ беше уапсен на 4 април 2024 година под сомнение дека ја убил Данка заедно со неговиот колега Дејан Драгијевиќ.

Иако по апсењето се чинеше дека случајот брзо ќе се разреши, истрагата заглави во ќорсокак. Телото на девојчето до денес не е пронајдено. Како што објави порталот Нова.рс пред дваесетина дена, на ниту еден од предметите запленети во истрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ од Србија не се пронајдени биолошки траги од неа.

Српскиот портал напиша дека биле прегледани над 400 траги пронајдени во службеното возило за кои постои сомневање дека ги користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога наводно го удриле девојчето.

„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се отстранети повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ, ниту во самиот автомобил, ниту на надворешните делови на возилото“, објави Нова.рс, на 10 мај, информација добиена од Вишото јавно обвинителство./Извор:Makfax